spot_img
-7.2 C
Skopje
петок, јануари 14, 2022
spot_img

ПЕКОЛ: Во јужниот дел на Австралија измерени се 50,7 степени

Како што јави Би-Би-Си, со ова е израмнет рекордот од 1962 година, кога во јужниот дел на Австралија биле измерени 50,7 степени.

Локалната метеоролошка служба потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време. Просечната температура во градот во овој период од годината изнесува 36,5 Целзиусови степени.

Два други града, Марди и Роборн, вчера исто така пријавија температури од над 50 степени, изјави Лук Хантингтон од Службата.

Според метеоролозите, температурите утре дополнително ќе растат, а во наредните денови се очекува „заладување”.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести