spot_img
-3.2 C
Skopje
четврток, јануари 13, 2022
spot_img

Претседателот Стево Пендаровски ќе има средба со претставници на Македонците кои живеат во Бугарија

Претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе има средба со претставници на Македонците кои живеат во Бугарија.

Имено, партијата на македонското малцинство во Бугарија, ОМО Илинден Пирин доставила барање до претседателот за средба, на кое тој позитивно одговорил.

Од Кабинетот на Пендаровски за „Фокус“ потврдиле дека претседателот прифатил средба со ОМО Илинден Пирин, а останува дополнително да се утврди датумот.

И копретседателот на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков потврдува дека испратиле барање и добиле позитивен одговор од Пендаровски, но поради Ковид ситуацијата датумот треба дополнително да биде утврден.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести