spot_img
-3.2 C
Skopje
четврток, јануари 13, 2022
spot_img

Еве кои бил омилениот парфем на Мерилин Монро

Парфемите ни помагаат да создадеме сопствен идентитет: тие мирисаат поинаку и посебно на секоја кожа. Можат да создадат впечаток на скапоценост, луксуз, мистицизам, па затоа не е чудно што некои од нив постојат со децении, па дури и со векови.

Нивната моќ да трансформираат како се чувствуваме добро ја знаеле славните жени и филмски диви, од кои некои останаа препознатливи по својот мирис со генерации. Кои парфеми им биле омилени на Одри Хепберн, Џеки Кенеди, принцезата Дијана и други, прочитајте во продолжение.

Мерилин Монро: Floris Rose Geranium

Иако остана запаметена по изјавата дека во кревет носи само неколку капки Шанел бр.5 , подоцна беше откриено дека го обожавала Floris Rose Geranium, тоалетна вода која содржи ноти од роза, геранија и сандалово дрво, што, за жал, повеќе не се произведува.

Џеки Кенеди: Joy by Jean Patou

Кога Големата депресија во 1929 година доведе до банкрот многу клиенти, Жан Пату го осмислил парфемот Joy со ноти од јасмин и роза: за само триесет милилитри биле потребни околу 10.000 цветови од јасмин и околу 300 рози! Беше претставен како редок, ексклузивен и најскап мирис. Маркетиншкиот трик успеа и го ревитализира неговиот бизнис, а години подоцна го носеа Џеки Кенеди и Вивиен Ли.

Елизабет Тејлор: Jean Desprez Bal à Versailles

Елизабет Тејлор влезе во историјата на парфемите како прва славна личност со сопствена линија на парфеми и покрај тоа што многумина ја следеа, нејзиниот White Diamonds остана најпродаваниот мирис на познатите личности. Но, пред тоа, омилен ѝ беше ориенталниот Jean Desprez Bal à Versailles, во кој доминираат прашкасти, дрвенести и килибарни ноти.

Одри Хепберн: Givenchy L’Interdit

Хуберт де Живанши го дизајнирал парфемот исклучиво за Одри Хепберн, со ноти на цвет од портокал, јасмин и тубероза, мириси кои ги препознал на нејзиниот шал што таа го заборавила во неговото студио. Кога сакал да го произведе тој парфем за масовна потрошувачка, го нарекол L’Interdit, бидејќи Одри му забранила. Во шега, се разбира, затоа што се согласила да биде во кампањата, со што станала првата актерка заштитно лице на парфем.

Кетрин Хепберн: Guerlain Vol de Nuit

Актерката Кетрин Хепберн била љубителка на летањето, па не е ни чудо што се препознала во мирисот на Guerlain Vol de Nuit (Ноќен лет), кој му оддава почит на познатиот Антоан де Сент Егзипери. Шишето има втиснат релјеф кој наликува на движечки пропелер, а во мирисот доминираат прашкасти и зачинети ноти, бергамот, цвет од портокал…

Кој бил омилениот парфем на Мерилин Монро, а кој на Џеки Кенеди?!

Рита Хејворт: Guerlain Shalimar

Обожавателка на парфемите на Guerlain била и Рита Хејворт, ориенталниот класик Шалимар. Парфемот е инспириран од легендата за љубовта на Шах Јахан и Мумтаз Махал, во чија чест и го изградил Таџ Махал. Нејзината омилена градина била Шалимар, а парфемот користел ноти од лимон, бергамот, јасмин, тонка…

Жозефин Бејкер: Guerlain Sous Le Vent

Во 1930-тите Жак Герлен креирал мирис со ноти на змиска трева, бергамот, лаванда, каранфил и јасмин, со ирис и дрвени ноти во основата, а беше обожаван од танчарката, актерката и активистката Џозефин Бејкер.

Ава Гарднер: Creed Fleurs de The Rose Bulgare

Герлен го сакала и Ава Гарднер, особено нивниот Мицуоко, а носела и мирисот со ноти од роза, бергамот и зелен чај Creed Fleurs de The Rose Bulgare. Во бракот со Френк Синатра, се вели, таа би ги испрскала скалите со парфем како повик да се прекине некоја кавга, пренесува Town & Country.

Грејс Кели: Creed Fleurissimo

На нејзината венчавка со принцот Рение, Грејс Кели носела специјално дизајниран Creed Fleurissimo, кој исто како и нејзиниот свадбен букет содржел бугарски рози, бергамот, тубероза …

Лејди Ди: Hermès 24 Faubourg

Принцезата Дијана на венчавката носела Quelques Fleurs, но подоцна во животот го претпочитала Hermes 24 Faubourg создаден во 1995 година, кој содржи ноти на цвет од портокал, праска, гарденија и килибар.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести