spot_img
-3.2 C
Skopje
четврток, јануари 13, 2022
spot_img

Бил Гејтс: Сепак кога омикрон ќе помине низ некоја земја, случаите ќе исчезнат и Ковид 19 ќе може да се третира како сезонски грип

Американскиот милијардер Бил Гејтс кој е многу актуелен за време на пандемијата, сега на Твитер разговараше со професорката Деви Сридар за ситуацијата со коронавирусот.

Во серија од неколку твитови, тој рече дека можеби ќе треба да се вакцинираме секоја година, но и дека коронавирусот наскоро би можел да се третира како „сезонски грип“.

Професорката Сридар од Универзитетот во Единбург и постави низа прашања до Гејтс преку Твитер.

На прашањето за сојот омикрон, тој посочи дека оваа варијанта е предизвик за здравствените системи ширум светот, а најтешките случаи на инфекција ќе бидат кај невакцинираните лица.

„Сепак, кога омикрон ќе помине низ некоја земја, случаите ќе исчезнат и Ковид 19 ќе може да се третира како сезонски грип“, рече Гејтс, додавајќи дека омикрон ќе создаде добар имунитет барем за следната година.

Тој изјави дека „не е веројатно дека ќе се појави позаразен вид на коронавирус“. Сепак, тој рече дека не можеме да бидеме сигурни.

Гејтс се осврна и на проблемите со вакцините против коронавирус, велејќи дека, иако тие ги спречуваат тешките последици од Ковид 19, па дури и смртт, има две важни работи на кои треба да се работи. Имено, се случува дури и целосно вакцинираните лица повторно да се заразат со нови и посилни варијанти на вирусот кои се појавуваат, а времетраењето е сепак многу ограничено.

Идните вакцини треба да спречат повторна инфекција и да обезбедат долгорочен имунитет.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести