13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВМРО ДПМНЕ: Владата и РКЕ го регулираат пазарот со топлинска енергија, и само тие се виновни за високите сметки

Соопштение до јавност, реакција на прес конференцијата на Марија Георгиевска

Владата и РКЕ го регулираат пазарот со топлинска енергија, и само тие се виновни за високите сметки.

Владата на СДСМ не обезбеди гас по нормални цени кога тоа го правеа сите држави во регионот и светот и се доведе во ситуација да зема по берзански цени кога гасот е поскапен за 300%. Владата требаше да биде одговорна и на ниво на влада да испреговара со големите светски компании. Градот Скопје не е субјект кој може во меѓународен промет да преговара за набавка на енергенси, тоа може да го направи само владата.

Владата не обезбеди гас по нормални цени и ја доведе во опасност државата.

РКЕ е таа која дава и одзема лиценци на фирми за вршење на енергетска дејност.

Градот Скопје ниту е снабдувач, ниту производител на топлинската енергија. И како таков нема контрола на процесот, не затоа што не сака, туку затоа што законот тоа не го дозволува.

Чиста политизација е обидот на СДСМ неспособноста да набават гас по нормални цени да ја заобиколат со надеж дека народот ќе заборави.

Владата да излезе со решение и да не вплеткува субјекти, кои според закон не можат да преземат ништо.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести