spot_img
-0.2 C
Skopje
среда, јануари 12, 2022
spot_img

Туркменистан реши да ја затвори „портата на пеколот“ (ВИДЕО)

Претседателот Гурбангули Бердимухамедов на државната телевизија изразил загриженост за животната средина и економијата и им наредил на властите да го изгаснат пожарот во гасниот кратер Дарваз во пустината Каракум.

Уште во 2010 година, Бердимухамедов им наредил на експертите да најдат начин да го изгаснат пламенот што гори откако советската операција за дупчење тргнала наопаку во 1971 година.

Тој тврди дека кратерот создаден од човечка рака „има лошо влијание врз животната средина и здравјето на луѓето кои живеат во близина“.

Кратерот е формиран во 1971 година кога Советите удриле во празнина исполнета со гас за време на дупчењето што предизвикало пад на земјата под платформата за дупчење.

За да се спречи ширењето на опасните гасови, Советите одлучиле да го запалат гасот.

Оттогаш јамата гори, а сите досегашни обиди да се затвори биле неуспешни.

Кратерот што настанал како последица на оваа несреќа, широк 70 метри и длабок 20 метри, денес е популарна туристичка атракција на оваа поранешна советска држава.

Пред три години, претседателот официјално го сменил името на кратерот во „Блесок на Каракум“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести