spot_img
1.8 C
Skopje
понеделник, јануари 10, 2022
spot_img

Во Грција од 1 февруари нема пристап до некои места без бустер доза

Во Грција од 1 февруари нема пристап до некои места без бустер доза! Па така, сите кои нема да примат трета доза вакцина против коронавирусот,во Грција нема да може да пристапат до местата резервирани за вакцинираните. Ова го најави грчкиот министер за здравство Танос Плеврис.

Сите кои не примиле дополнителна доза вакцина против корона вирусот, а поминале седум месеци од претходната, втора доза ќе се сметаат за невакцинирани.

„Потврдата ќе биде валидна и понатаму затоа што се работи за европски сертификат кој важи девет месеци, но тие лица повеќе нема да можат да користат предности како пристап до затворени простори резервирани за вакцинирани лица“, појасни министерот.

И во Грција расте бројот на заразени со коронавирусот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести