21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Седма дубл титула во кариерата за македонскиот тенисер Јотовски!

Македонско-бугарскиот тандем Томислав Јотовски-Антони Генов, се победници во дубл на турнир во Каиро кој се игра за награден фонд од 15.000 долари, откако во финалето приредија изненадување против вторите носители Хо од Тајван и Ломакин од Казахстан.

Јотовски и Генов првиот сет го добија со 6-1, вториот го загубија со 3-6, па се играше супер тај-брејк до 10, кој нашиот и бугарскиот тенисер го добија со 10-7.

За Јотовски, ова е прв освоен турнир во двојки по пауза од пет и пол години. Во 2016 година тој освои два турнири во дубл со Александар Лазов, пред тоа во 2015 по еден со Лазов и Миљан Зекиќ, во 2014 со Нермин Фатиќ, а првиот триумф му беше во 2013 година во тандем со Пеѓа Крстин.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести