spot_img
2.8 C
Skopje
сабота, јануари 8, 2022
spot_img

Ѓорѓе Ѓоковиќ: Новак не сака да се повлече туку сака да бара правда за себе и сите други

Братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе, на попладневниот протест пред Собранието за медиумите откри во каква состојба е неговиот најстар брат во Австралија.

Новак досега можеше да ја напушти Австралија, но ако го направеше тоа ќе ја признаеше вината без пораз, што не е опција. Тој треба да ја чека одлуката на судот обжалена од неговите адвокати во негова корист , а што же биде потиа тоа не го знае ни Новак. Полн е со емоции, а тенисот и Грен слем се последното нешто за кое размислува во моментов. Се што сака е да ја истурка правдата до крај и да ја извади вистината на виделина.

Ги помина сите фази. Беше лут, несреќен, тажен, а сега иронично се смее. Сега е мирен, а денеска на Божиќ одлучи дека не сака да се занимава со „рекла-казала“ приказни, туку да ги остави надлежните органи да ги направат сите потребни активности и да ги утврдат фактите“, изјави Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Тој истакна дека Новак лично не го пополнил спорниот формулар, туку тоа го направиле од Австралиската тениска федерација.

„Тој не пополни ниту еден формулар, тоа беше направено преку Австралиската тениска федерација. Таа соработуваше со федералната влада и тениската федерација не може да издаде никаков сертификат, но тоа беше направено од владата на Викторија, една од државите во Австралија во која е и градот Мелбурн. Но, федералната влада беше таа што ја поништува визата што значи дека дојдовме до сериозна политичка ситуација. Денеска чешката тенисерка беше депортирана од земјава со истите докумнети како и Новак. Затоа Новак не сака да се повлече туку сака да бара правда за себе и сите други“, изјави најмладиот од браќата Ѓоковиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести