10.8 C
Skopje
четврток, јануари 19, 2023

Омикрон сојот ја покоси Европа

Омикрон го пустоши светот, доколку не се носат маски патувањето за време на божиќните и новогодишните празници дополнително ќе ја прошири заразата, предупреди американскиот епидемиолог Ентони Фаучи.

Тој вели дека вакцинираните, особено тие со засилена доза не треба да се грижат доколку ги следат мерките, додека неимунизираните во време кога има достапни вакцини создаваат проблеми за болничкиот систем, оцени Фаучи. СЗО веќе потврди дека во 89 земји има присуство на омикрон, а поради наглото зголемување на случаи со новиот сој во Британија, Франција, и Германија им забранија влез на Британците. Таму до сега починаа 12 лица, а 104 позитивни на омикрон се хоспитализирани. Експертите порачуваат дека освен со имунизација, главно оружје сепак е персоналниот имунитет.

„Омикрон варијантата не само што ја „превзема“ Европа, туку и целиот свет, навистина сите ќе бидеме изложени наредните неколку недели. Забраните за патување само бидејќи така ќе може да се „купи“ малку време. Затоа е важно што ќе направите во тоа време. Затоа Британската или Германската влада се обидуваат значително да ја зголемат имунизацијата, ни искрено мислам дека треба да одвоиме повеќе време за да го зголемиме нашиот персонален имунитет, како ќе се подготвиме за ова, затоа што сум убеден дека и самиот ќе бидам изложен на вирусот во наредните неколку недели, па на пример размислувам за работи како исхраната, добриот сон, размислувам на пример дека треба да проверите дали нивото на ЦИНК или нивото на витаминот Д ви е во ред, бидејќи ако знаеме дека витаминот Д ни е дефицитарен поголема е веројатноста да се заразиме“, вели Џон Кемпбел, здравствен експерт.

Израелската влада ги стави САД, Италија, Белгија, Германија, Турција, Унгарија, Мароко, Португалија, Канада и Швајцарија на „црвената“ листа за патување, одлуката ќе важи од среда на полноќ. Кко одговор на брзопреносливиот омикрон, од денеска до крај на јануари Ирска ги затвора рестораните, додека во Холандија од вчера освен супермаркетите и аптеките, речиси сите продавници, ресторани, културни, спортски објекти, училишта и фризерски салони се веќе затворени. Во Грција откако стапи на сила мерката задолжителен негативен ПЦР тест за влез во земјата надлежните размислуваат за масовно тестирање на населението, и на вакцинирани и на невакцинирани, за да може да ја увидат комплетната епидемиолошка слика за земјата.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img