18.8 C
Skopje
сабота, септември 23, 2023

Лаутербах: Oмикрон може да доведе до масовен пети бран

Германскиот министер за здравје Карл Лаутербах рекол дека очекува сојот коронавирус наречен омикрон да доведе до “масовен пети бран“ пандемија.

Лаутербах, бивш професор за епидемиологија, во текот на посета на регионот Долна Саксонија рекол дека Германија мора да се подготви за прдизвикот “кој никогаш порано не сме го виделе во ваков облик“, пренесува Ретурс.

Германија во вториот квартал следната година ќе добие 80 милиони дополнителни дози вакцини Фајзер, соопштил Лаутербах.

Тој на првата заедничка конференција за печатот со шефот на Роберт Кох институтот Лорар Вилер, укажал дека се работи на операција за дополнителни вакцини во договорот на ЕУ со Фајзер.

Тој се надева дека еден дел од тие дози веќе во првиот квартал следната година ќе бидат испорачани. “Ова снабдување за нас е од огромно значење“, подвлекол тој.

Германските власти предходно одобриле 2,2 милијарди сума за купување дополнителни вакцини против коронавирусот.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img