spot_img
9.8 C
Skopje
понеделник, декември 6, 2021
spot_img

Истече рокот за пријава на Австралија Опен 2022: Ѓоковиќ се уште молчи!

Доколку Новак Ѓоковиќ одлучил да учествува на Австралија опен 2022 година, тој имаше рок до денес да се пријави. Имено, сите тенисери кои се согласија да играат во Мелбурн, тоа мораше да им го потврдат на организаторите до 6 декември, точно шест недели пред почетокот на првиот Грен слем во сезоната.

Одамна е познато дека условот за влез во државата Викторија каде се одржува Австралија опен е неопходен доказ за вакцинација, поради што Ѓоковиќ најави дека не е сигурен дали ќе учествува.

Засега се уште постои неизвесност дали Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Австралија опен од 17 до 30 јануари, бидејќи ниту организаторот, ниту српскиот тенисер, кој најави дека заминува на заслужен одмор по поразот на Србија во Дејвис Купот, официјално не се огласија.

„Ќе бидете информирани. Нема да ви одговорам сега. Ќе бидете информирани, само тоа можам да кажам. Нема да дадам датум. Австралија е блиску…“ , беше одговорот на Ѓоковиќ на новинарско прашање по мечот со Хрватска во петокот.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести