spot_img
2.8 C
Skopje
сабота, декември 4, 2021
spot_img

УМОРЕН СУМ, САКАМ ДА ГО ЗАБОРАВАМ ТЕНИСОТ! Новак ја отворил душата после поразот…

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ оваа година освоил три гренд слема, играл во финале УС опен, учуствувал н ОИ во Токио, ја предводел Србија до полуфинале на Дејвис купот.

Се умори и психички и физички ако се знае дека вон теренот имаше притисок како што ниеден тенисер досега немал, разбирливо е што после поразот од Хрватска сака извесно време да заборави на тенисот.

– Сакам да се одморам и да заборавам на тенисот. Уморн сум од целата година. Сакам времето да го поминам со семејството. Наскоро ќе ги дознаете моите планови за 2022 година – рекол Новак.

– Дадов се од себе. Се надевам дека ќе научиме нешто од овие мечеви. Целта ми е да освојам Дејвис куп. Сите сакаме да играме за репрезентација.

Еден новинар го интересирало дали Ѓоковиќ жали за крајот на сезоната, во која меѓу другото е поразен од Медведев на УС опен.

– Сезоната за мене е завршена, нема да се жалам за еден турнир кој го играв после август. Давам се од себе, како и секогаш, за националниот тим. Дополнителна важност и значење е кога сите се вклучени. За жал тоа не се случи. Една победа во сингл не е доволна. Ваква врста на натпревар е сурова и на некој начин од вас бара да победите на секој меч кој го играте, секако и сетовите се сметаат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести