spot_img
10.8 C
Skopje
петок, декември 3, 2021
spot_img

Томовски: Едноставно Кил ги казни нашите грешки!

Продолжува црната серија на Вардар 1961 во ракометната Лига на шампиони, продолжува агонија на некогашниот двократен европски првак. Вечерва вардарци на гости кај Кил одново се поразени, и тоа со 32-30.

Инаку ова е шести пораз на нашиот тим во низа, навистина сите се прашуваат до кога ќе трае таа црна серија.

Мартин Томовски, голманот на вардарци по мечот беше искрен во својата изјава…

Мислам дека одигравме навистина еден тежок натпревар, можеби Кил не беше перфектен, но едноставно знаеше да ги казни нашите грешки. Затоа и го загубивме овој натпревар. Сега мора да се фокусираме за тоа што доаѓа“ потенцираше Томовски.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести