15.8 C
Skopje
недела, февруари 25, 2024

Сепак новиот сој на коронавирусот омикрон бил присутен во Европа порано од она што се мислеш

Новиот сој на коронавирусот омикрон бил присутен во Европа порано од она што се мислеше. Холандските здравствени власти кажаа дека го откриле сојот во два тест-примерока земени на 19 и 23 номеври.

„Нејасно е дали овие луѓе го посетиле југот на Африка“, кажаа од Националниот институт за јавно здравје.

За овој сој првпат се слушна минатата недела, а Јужна Африка го пријавила во Светската здравствена организација на 24 ноември.

Најмалку 14 луѓе кои пристигнале во Холандија со два лета од Јоханесбург и Кејптаун на 29 ноември имале позитивен тест на омикрон. Европскиот центар за контрола и превенција на болести кажа дека досега во ЕУ се потврдени 42 случаи на зараза со омикрон. Сите биле со благи симптоми или воопшто ги немале.

Поради новиот сој, земјите низ светот повторно воведуваат мерки и ограничувања. Од денеска, во Велика Британија повторно мора да се носи маска во јавен превоз и продавници.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести