spot_img
6.8 C
Skopje
четврток, ноември 25, 2021
spot_img

Судија уапсен за перење пари ! Дали „меракот“ по Луј Витон му пресуди на судијата Векиќ

Во заедничка акција на Секторот за финансиски истраги при хрватското Министерство за финансии и специјалната служба за борба против организиран криминал УСКОК, вчера е приведен Звонко Векиќ, судија во жупанијскиот суд во Осјек.

Службите во соопштение до јавноста информираа дека целта на дејствијата е собирање на докази за кривично дело „перење пари“, а со оглед на фактот дека едно од двете лица заа кои се води истрагата бил активен судија, органите побарале симнување на неговиот имунитет.

Освен судијата Векиќ, според пишувањата на хрватските медиуми, приведена е и неговата пријателка Наташа Секулиќ.

Двајцата и претходно биле спомнувани од страна на поранешниот директор на ФК Динамо од Загреб, Здравко Мамиќ кој ги посочувал како дел од корупциската мрежа преку која му било изнудувано мито.

Здравко Мамиќ го посочил судијата Векиќ како главен виновник за изнуда на 370 000 евра, но исто така тврдел дека му купувал Луј Витон чевли и му уплаќал луксузни патувања во Дубаи.

Во пост на сопствената фејсбук страна Мамиќ цинично објави дека „Перилницата Векиќ е затворена заради притварање“.

Во кусиот текст Мамиќ објаснува дека последните недели и месеи работел на реформи во правосудството.

– „Нетфликс, остави ги Наркос и дојди овде“ повика Мамиќ. Тој обвини дека во наводната перилница на Векиќ, не се переле со Первол и Персил само неговите пари, туку и парите на другите судии-рекетари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести