spot_img
7.8 C
Skopje
среда, ноември 24, 2021
spot_img

СТРАШНО: Во Германија во последните 24 часа се регистрирани 66.884 случаи на инфекција со Ковид-19

Според Институтот Роберт Кох, во Германија во последните 24 часа се регистрирани 66.884 случаи на инфекција со Ковид-19.

Седумдневната инциденца е 404,5 случаи на 100.000 жители и за прв пат е поголема од 400.

Една недела претходно биле пријавени 52.826 случаи, а седумдневната инциденца била 319,5 случаи на 100.000 жители.

Денеска пријавени 335 смртни случаи поврзани со Ковид-19, што е повеќе од 294 една недела порано.

Од почетокот на пандемијата, Германија има регистрирано 5.497.795 случаи на инфекција со Ковид-19, но реалниот број на случаи е веројатно многу поголем. Потврдени се 99.768 смртни случаи.

Чешка има регистрирано 25.864 случаи на инфекција со Ковид-19, што е најголем број во земја со 10,7 милиони жители од почетокот на пандемијата, според Министерството за здравство.

Унгарија, исто така, имала рекорден број на нови случаи со 12.637 потврдени нови инфекции, објави денеска Министерството за здравство.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести