spot_img
7.8 C
Skopje
среда, ноември 24, 2021
spot_img

Вучиќ најави извонредна вест за младите брачни парови: 2500 евра помош за првородено дете

Од 1 Јануари 2022 година,младите српски парови кои за прв пат ќе се одлучат за потомство, како што утринава најави Претседателот Александар Вучиќ, ќе добијат помош од 300 000 динари или околу 2500 евра, што е тројно зголемување во однос на поошта која досега ја добиваа од државата.

Покрај оваа одлука, Србија ја зголемува помошта и за второ и третородено дете.

– За секое првородено дете по 300 000 динари, наместо досегашните 100 000. Се работи на мерките и за второ дете каде помошта ќе биде значително зголемена бидејќи второто дете е некој вид на пресврт кај некои мајки, но и татковци, нагласи Вучиќ и додаде дека тоа е од државата, а кога ќе се собере и помошта која што родителите ја добиваат од локалната самоуправа, таа вкупно стигнува и до 4000 евра за првородено дете.

Претседателот Вучиќ најави и друг пакет мерки кој ќе биде дополнително дефиниран деновиве со кој би била опфатена помош до 20 000 евра за младите брачни парови. Овие средства би биле неповратни и би се користеле за купување на стан, а за да се спречат евентуални злоупотреби, правата би биле врзувани со мајката.

Во дополнителните мерки кои се носат, ќе бидат предвидени и одредени поволности за студентите кои би се одлучиле да имаат потомство, односно за идните млади мајки и татковци не би важеле испитните рокови.

Целиот пакет мерки Вучиќ го образложи во контекст на напорите за подобрување на демографската слика на Србија.

– Имајќи го предвид фактот дека полека не снемува како нација, односно стапката на наталитет е нешто поголема од 1.5, а за проста репродукција ни е потребна стапка од 2.5, тоа значи дека имаме голем проблем, истакна Вучиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести