spot_img
9.8 C
Skopje
среда, ноември 24, 2021
spot_img

Бајиќ: Трајковски не донесе до тука, но мора да мислиме на младите!

Бојан Трајковски е еден од оние поискусни имиња кои ја предводеше Македонија во претквалификациите за СП 2023. Селекторот Драган Бајиќ на официјалната прес-конференција даде објаснување зошто Трајковски не е во неговиот избор.

„Бојан Трајковски даде голем допринос и има голем удел што ние сме тука. Беше наш капитен, максимално си ги исполни задачите и беше голем човек во претходните натпревари. Но, мора да мислиме и на иднината. Мора да им даваме шанса на помладите играчи, како што е на пример Теодор Симиќ“,изјави Бајиќ.

Македонија во петок против Шпанија на домашен терен ги отвара квалификациите за СП 2023, три дена подоцна и гостува на Украина во Киев.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести