spot_img
7.8 C
Skopje
вторник, ноември 23, 2021
spot_img

ТАЖНА ВЕСТ: ПОЧИНА БЕБЕ ЗАРАЗЕНО СО КОВИД ВО СРБИЈА

Едно бебе почина од инфекција со корона вирус на Детската клиника Тиршова во Белград, јавуваат српските медиуми.

„За жал, првото бебе кое беше хоспитализирано кај нас со само 10 дена старост почина минатата недела по речиси шест недели борба за живот“, изјавила д-р Снежана Рсовац, од Детската клиника.

Таа додава дека на Клиникатасе  сместени уште две бебиња и дека нивната моментална состојба е добра.

„Едномесечното бебе е на интензивна нега“, вели таа, а другото бебе полека се опоравува иако долго време беше на респиратор.

Сите други деца на Детската клиника Тиршова, како што посочува д-р. Рсовац се во добра состојба, а намален е и бројот на приеми на заразени деца.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести