spot_img
8.8 C
Skopje
вторник, ноември 23, 2021
spot_img

ЕВЕ КОИ Е НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК ОД КИНЕСКАТА ЗАБРАНА ЗА „КОПАЊЕ“ КРИПТОВАЛУТИ

По регулаторниот шок во Пекинг, два милиони компјутери бараа нов дом.

Русија излезе како најголем добитник на кинеската забрана за „копање“ на криптовалути, бидејќи привлече најголем број компјутери кои се наменети за тоа.

Според Фајненшл тајмс, откако владата во Пекинг ја воведе забраната во средината на годината како дел од пошироката регулаторна забрана на криптовалутите, 14-те најголеми компании во светот кои се занимаваат со „рударство“ преместија повеќе од два милиони компјутери од Кина.

За потсетување, Кина досега беше глобален центар за „рударство“ на криптовалути. Најголем дел од компјутерите завршиле во САД, Канада, Казахстан и Русија.

Сепак, најголемиот дел од опремата на „рударите“ беше префрлена во Русија. Податоците собрани од ФТ покажуваат дека од 2.037.948 компјутери, 1.805.000 од нив биле преместени во Русија. Нешто помалку од 88.000 компјутери завршиле во Казахстан, 87.200 во САД, а 35.400 во Канада, пишува „Пословни дневник“.

Бит Дигитал, една од најголемите компании за „рударење“ на криптовалути со акции котирани на американската берза, ангажираше меѓународна логистичка компанија да ја извлече нејзината опрема од Кина. Пакет од речиси 1.000 компјутери се уште чека на пристаништето во Њујорк.

„Почнавме да мигрираме опрема во март 2020 година. Кога беше објавена забраната, имавме 20.000 рудари во Кина“, рече Сем Табар, директор за стратегија во Bit Digital. Сепак, компанијата мораше да остави 372 компјутери во Кина на кои им се ближи крајот на работниот век.

Кога беше објавена забраната, канадската компанија Hut8 беше преплавена со понуди од кинески продавачи кои се најдоа во паника, откри Сју Енис, потпретседател на компанијата за корпоративен развој и односи со инвеститорите. Во текот на јуни, Hut8 презеде над 24.000 компјутери од кинеската компанија MicroBT.

Најголемиот дел поточно 1,8 милиони во Русија, ги добила локалната компанија BitRiver.

Роман Забуга, портпарол на BitRiver, истакнува дека неколку недели пред да стапи на сила забраната, компанијата морала да ја одбие понудата на кинеска компанија за „рударство“ која сакала да премести уште милион компјутери. Казахстан, исто така, стана главен глобален центар на „рударството“.

Околу 80.000 компјутери беа преместени во таа земја од кинеската компанија Bitfuf, додека BIT Mining префрли 7.849 компјутери до август. Јаран Мелеруд, аналитичар во Arcane Crypto, проценува дека околу 700.000 компјутери на кинески рудари се спакувани во магацини бидејќи не успеале да најдат ново „живеалиште“.

Повеќето од овие компјутери се од постарата генерација, па поради ниската цена нивното преместување во земји како САД не е особено профитабилно. На пример, моделот Antminer S9 може да се купи во јули за само 370 долари. Кинеската забрана е одлична можност и за венецуелските „рудари“, вели Хуан Хозе Пинто, ко-основач на Доктор Минер од Каракас.

Неговата компанија плаќа само еден цент за kWh струја, па затоа им е исплатливо да користат постари компјутерски модели кои трошат многу енергија. Некои кинески компјутери доаѓаат и во Парагвај.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести