spot_img
8.8 C
Skopje
вторник, ноември 23, 2021
spot_img

Во Белгија е уапсен лекар кој издал околу 2.000 лажни потврди за КОВИД-19

Во Белгија е уапсен лекар кој издал околу 2.000 лажни потврди за КОВИД-19, соопштија странските медиуми.

Министерката за здравство на белгискиот регион Валонија, Кристи Мореал, изјави дека лекарот, кој не е објавен, ќе биде кривично гонет поради издавање лажни потврди за КОВИД.

Опишувајќи го случајот како „здравствен скандал“, таа рече дека потврдите се одземени и дека лицата инволвирани во измамата ќе се соочат со правни последици.

Ковид сертификатот ЦСТ докажува дека лицето било целосно вакцинирано, негативно на тестот за коронавирус во последните 48 часа или дека закрепнало од Ковид во последните шест месеци.

Овој сертификат е потребен од почетокот на ноември за влез во ресторани, кафулиња, барови, спортски сали и други места во Белгија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести