spot_img
7.8 C
Skopje
понеделник, ноември 22, 2021
spot_img

Тажна исповед на новинар кој поминал 102 дена на интензивна нега

Бев во инвалидска количка кога ме донесоа дома кон крајот на септември 2020та година. Бев на интензивна нега цели 102 дена. Првите два месеци не и дозволуваа на мојата сопруга да ме посети. Наместо посети, агонијата продолжуваше – делириум, два срцеви удари, стентови, дијализа на бубрези, воспаление на бели дробови, губење на помнењето и трахеотомоја – и тоа се поради Ковид, вака ја започнува својата исповед британскиот новинар Реј Коноли.

Дури 3 пати и соопштиле на сопругата дека нема да биде реанимиран доколку дојде до влошување на ситуацијата и таа била во паника секој пат кога телефонот ќе и заѕвонел.

Меѓутоа, дури кога стигнале дома, Реј сфатил колку многу страдање преживеало неговото семејство, но и сите семејства кои имале некој болен од Ковид-19.

Има нешто себично во тоа кога си критично болен. Постојано мислиш на себе. Лекарите и медицинските сестри прават се што можат за да ја ублажат болката, но тие никогаш не покажуваат што навистина кријат зад маските, вели тој.

Првиот месец тој едвај се движел, а првиот обид за да застане на нозе без помош бил неуспешен.

Еден ден додека мојата сопруга не беше дома се обидови да застанам на нозе сам. Успеав да изодам 40 чекори пред мојата куќа, но за жал паднав и удрив со главата во тротоарот. За среќа ме виде еден сосед и ми помогна да станам. Повика брза помош бидејќи лицето ми беше крваво, се сеќава Реј.

Биле потребни неколку часа крварењето да прекине, а потоа и му биле направени и неколку ренген анализи и мозок скен снимки. За среќа, тој не се здобил со сериозни повреди. Единственото нешто кое го изгубил во тој пад е неговата самодоверба.

Во наредните 4 месеци никогаш не излегував сам и секогј вечер гледав извештаи за коронавирус на телевизија. Халуцинирав постојано, а заморот се уште ме мачи, вели тој.

До јануари можел да изоди еден цел километар, па решил да прими прва вакцина.

Се уште сум уморен, не можам да јадам црвено вино или да пијам алкохол. Имам уште долго време за да бидам како што бев некогаш, доколку е тоа возможно. Додека не бев болен, сакав да работам. Сега повеќе сакам да патувам, да уживам во растенија, книги, семејство и пријатели Живеам втор живот и сакам да го искористам максимално, завршува тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести