spot_img
4.8 C
Skopje
понеделник, ноември 22, 2021
spot_img

Некогашен фудбалер на Милан и Арсенал е еден од најбогатите луѓе во светот!

Матје Фламини и дефинитивно покажува дека и меѓу фудбалерите, односно некогашните фудбалери, има личности со сенс за бизнис и правење на големо, големо богатство.

Иако Французинот од фудбал има заработено добра пара, играјќи за повеќе клубови во својата богата кариера, а меѓу нив се Милан и Арсенал, сепак тоа не е ништо во споредба со тоа што сега има тој како богатство. А тоа вреди верувале или не, дури 14 милијарди долари, со што го прави еден од најбогатите луѓе во светот.

Имено Фламини заедно со својот партнер, ја има фирмата “GF Biochemicals“, која произведува левулинска киселина, молекул направен од посебен отпад, која може да го замени бензинот.

И сега Фламини е супер успешен бизнисмен, кој има богатство кое вреди многу повеќе од сите клубови заедно во кои играл.

Минатата година имаше шпекулација дека тој е заинтересиран да го купи Арсенал, но сепак не се случи такво нешто.

Ова значи дека Роналдо и Меси се далеку, далеку под Фламини, мислиме тука на богатството, не на фудбалските мајстории.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести