spot_img
4.8 C
Skopje
недела, ноември 21, 2021
spot_img

ФРАНЦИЈА ВО ПАНИКА: Бројот на новозаразени во текот на петиот бран епидемија од коронавирус во Францијa расте со аламантна брзина

Бројот на новозаразени во текот на петиот бран епидемија од коронавирус во Франциј расте со аламантна брзина, соопштила денес француската влада.

Бројот на нови случаи заболени од ковид-19 на дневно ниво скоро се удвоил во текот на изминатата недела, пренел британскиот весник “Гардијан“.

Неделниот просек на нови случаи достигнал вчера 17.153, во однос на 9.458 една недела порано, навеле здравствените власти, додавајќи дека тој е зголемен од 81 отсто.

“Петиот бран почнува со брзина на светлината“, рекол потпаролот на владата Габриел Атал.

Последно седумдневно зголемување е три пати поголемо од просечниот пораст на случаи забележани во претходните три недели, што укажува експоненцијално забрзување на инфекцијата.

Засега порастот на бројот инфекција не довел до масовен прилив на пациенти со ковид-19 во болниците.

Властите сметаат дека малиот број на пациети на интензивна нега не е резултат на високата стапка на вакцинација во Франција која како што сметаат е многу ефикасна против најопасниот облик на ковид-19.

Болниците вчера пријавиле дека на лекување се наоѓаат вкупно 7.974 пациенти со ковид-19, од кои 1.333 на интензивн нега.

Воведување здравствени пропусници во текот на летото исто така помогнало ковид-19 да се држи под контрола, рекол Атал.

Владата останува на својот став дека тежината за ограничувањето ја носат невакцинираните, а не вакцинираните, истакнал Атал.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести