spot_img
7.8 C
Skopje
четврток, ноември 18, 2021
spot_img

Мугуриза е победничка на финалниот турнир кај дамите

Поранешната светска тенисерка бр.1, Шпанката Гарбиние Мугуруза стана победничка на завршниот ВТА турнир во Гвадалахара. Во финалето, таа утринава ја победи Анет Контавеит со 6:3, 7:5.

Контавеит на крајот од оваа сезона победи на 13 од 15 натпревари, а двата порази ги претрпе токму од Мугуруза во финалниот ВТА турнир.

Мугуруза ја освои третата титула сезонава и десетта во кариерата. Таа за првпат победи во финалето на сезоната и стана првата шпанска шампионка на ВТА Тур финалниот турнир.

Двократната шампионка на Грен слем турнирите поради настапот во Мексико сезоната ќе ја заврши на третото место на ВТА листата, што е нејзин најдобар пласман по 2017 година.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести