spot_img
5.8 C
Skopje
недела, ноември 14, 2021
spot_img

Хамилтон со сензационално возење до триумф во Сао Пауло!

Британскиот возач на Мерцедес Луис Хамилтон триумфираше на ГП на Бразил на патеката во Сао Пауло и со тоа стигна до 101. победа во кариерата. Инаку викендот почна турбулентно за Хамилтон затоа што беше дисквалификуван од квалификациите, а потоа во спринт трката надополни дури 15 позиција, меѓутоа поради промена на моторот беше казнет за пет места и главната трка ја почна од десеттата позиција.

Но Хамилтон извозе најдобро во кариерата. Бргу се проби до врвот и го притисна лидерот Макс Верстапен. Првиот дуел го имаа во 50. круг кога Верстапен го истурка Хамилтон од патеката, но избегна казна, а десет кругови подоцна следуваше нов дуел кога Хамилтон успеа да го претекне ривалот. Со тоа ја задржа првата позиција и победи. Верстапен заврши втор, а Валтери Ботас трет.

Верстапен е водечки во генералниот пласман со 332,5 бодови, а второпласираниот Хамилтон има 318,5 поени. Наредната трка е ГП на Катар за седум дена.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести