spot_img
6.8 C
Skopje
сабота, ноември 13, 2021
spot_img

Претседател на Валенсија обвинет за сексуален напад врз малолетник

Поранешен претседател на шпанскиот фудбалски клуб Валенсија е обвинет за сексуален напад врз малолетник. Педро Кортес е под истрага поради тоа што допирал играч од младинските формации на „лилјаците“ и би можел да добие затворска казна до две години.

Според обвинението, Кортес, кој беше претседател на Валенсија меѓу 1997 и 2001 година, ја ставил раката на несоодветно место, додека го возел младиот фудбалер во неговиот автомобил. Тој добро го познавал момчето, бидејќи неговото семејство ангажирало агенциска компанија управувана од претседателот на Валенсија.

Кортес категорично ги негираше обвинувањата.

Веднаш штом обвиненијата против Кортес излегоа во јавноста, Валенсија порача: „Ќе го поддржиме нашиот фудбалер и неговото семејство. Нашата цел е да ги зголемиме безбедносните мерки на сите членови на Валенсија“.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести