16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Добри вести за Денвер: Повредата на Јокиќ не е сериозна


Кон крајот на втората четвртина на мечот меѓу Јута и Денвер, најдобриот кошаркар на Нагетс, Никола Јокиќ имаше судар со Французинот Гобер при што го повреди коленото и не го продолжи мечот. Стравувањата дека се работи за сериозна повреда, сепак, ги смири тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун.

„Мислам дека не е ништо премногу сериозно. Му пријдов на Никола додека се загревав на полувремето. Му реков: „Како се чувствуваш?“ Тој рече дека се чувствува малку слаб. Тогаш решив да не игра во второто полувреме. Јас ја донесов одлуката – тоа не беше негова одлука“, изјави тренерот на Денвер.

Тој додаде дека не е сигурен дали Јокиќ ќе мора да оди на дополнителни тестови.

Исто така, новинарот Мајк Сингер на својот Твитер профил откри дека и играчот на Денвер Монте Морис му потврдил дека Јокиќ е добро.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести