16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ОЈО ги проверува наводите на ВМРО-ДПМНЕ за полициски закани на денот на изборите

Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави, како и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите, велат од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Во однос на информациите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ дека полицајци, началници и функционери во Прилеп се организирале за да заплашуваат политички противници на денот на изборите, од Обвинителството велат дека се проверуваат наводите.

– До надлежното основно јавно обвинителство се доставени наводите со насоки истите да се проверат и доколку се утврдат елементи на сторени кривични дела, да се постапи согласно законските надлежности, велат од Обвинителството и ја потсетуваат јавноста дека во функција е електронската адреса izbori@jorm.mk на која можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето.

Од Министерството за внатрешни работи денеска категорично ги отфрлија, како што велат во соопштението, невистините кои втор ден по ред ги шири партијата ВМРО-ДПМНЕ за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”.

– На денот на изборите, 17 октомври, во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле. МВР почна внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата. МВР е гарант за сите слободни избори од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму, се наведува во соопштението од МВР.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести