4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

За Мадам Тисо, Роналдо е сеуште член на Јувентус

Светски познатиот ланец на музеји со возочни фигури, „Мадам Тисо“ за прв пат ја прошири својата франшиза во Арапскиот свет. Отворен е гламурозен музеј во Дубаи, но она што е најјинтересно во него е фигурата на Кристијано Роналдо која е со дрес на Јувентус.

Едноставно, уметникот кој ја создал нарачката ја „одработил“ на време, уште во времето кога Роналдо беше дел од Јубентус, минатата сезона, па аналогно на тоа, Португалецот сега е во погрешен дрес.

Секако дека ова не е некаква кардинална грешка, а раководните структури на музејот ветија дека оваа „грешка“ ќе биде што попрво исправена.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести