21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Шампионот на Европа се засили со НБА шампион

Бранителот на европската круна Анадолу Ефес ги засили своите редови со американскиот кошаркар Елајџа Брајант кој доаѓа од редовите на Милвоки Бакс, шампионот на НБА лигата. 26-годишниот кошаркар не играше често во Милвоки, па одлучи да се врати на европската кошарка, а има ли подобра можност од настап во европскиот првак?

Сепак, на старот на Евролигата на Ефес не му оди добро. Екипата на Ергин Атаман има четири порази на исто толку натпревари. На турскиот тим му е потребна итна трансформација и чекор напред. Брајант потпиша двегодишен договор и од него се очекува да биде човекот кој ќе ги сврти работите на подобро.

Инаку Брајан, роден во Џорџија, има две сезони во израелските клубови Хапоел Елиат и Макаби Тел Авив. Со Макаби стана и израелски шампион.


sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести