5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Ванда најмила детективи да го следат Икарди, му го хакирала телефонот и го открила

Продолжение на сагата околу Мауро Икарди, фудбалерот на  ПСЖ и неговата сопруга воедно и агент Ванда Нара. Медиумите од Италија постојано „копаат“ детали за причините зошто Ванда Нара го оставила Икарди, а се работи за изневерување на фудбалерот со глумица.

Од Аргентина, каде е роден Икарди, доаѓаат информации дека Ванда Нара веќе спрема документи за развод, а интересно во целата приказна е како таа дознала дека Мауро не и е верен. Кога прв пат се посомневала дека нешто не е во ред, познатата старлета најмила приватен детектив да го следи Икарди, а кога добила информации одлучија да го хакира телефонот на својот маж и таму ги нашла пораките со љубовницата.

Порталот „ЛАМ“ тврди дека љубовницата на Мауро е глумицата Марија Еугенија Суарез, позната по псевдонимот Чина. Се работи за 29-годишна девојка од Буенос Аирес, која оваа година ја завршила долгогодишната врска со глумеџот Бенџамин Викуњо и со кого има две деца.

Таа му испраќала на Икарди пораки во кои изразувала желба да одат некаде каде никој не го познава за да можат да бидат заедно. Тој одрекува дека разменувал пораки со Чина, а на Ванда наводно и рекол дека се завршило со флерт и дека никогаш не се виделе.

Како ќе изгледа следниот дел од оваа приказна останува да видиме.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести