spot_img
13.8 C
Skopje
понеделник, октомври 18, 2021
spot_img

ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ОД ЖИВОТОТ НА ВЕСНА ЗМИЈАНАЦ: Се пијанчела во друштво на опасни момци..

Весна Змијанац за време на својот бурен живот поминала низ толку неверојатни ситуации што за тоа би можела да зборува со месеци, но само во една прилика решила да си ја отвори душата и се да признае. Таа открила што правела своевремено на гробиштата во Букуља.

– Знаев да појдам на гробиштата и таму да седнам на гробот на некоја баба и да испијам по девет чоканчиња ракија, а потоа да ме фати сон…, раскажала Весна и додала дека во младоста најчесто пиела во друштво на опасните момци Ќента, Гишка и другите.

– Верувајте ми, нема ништо потажно од пијана жена. И самата сум склона на тој порок, за кој нема оправдување, ниту го барам. Тажно е кога жена својата тага и очај ги разблажува со алкохол. Мажите кога станува збор за опивањето, се некако во предност – иако не знам зошто и кој им ја дал таа предност, барем во сфаќањето и гледањето на самиот чин на пијанство, рекла фолкерката и признала и дека имала контакт и со наркотици. Тоа се случило за време на нејзиниот престој во Америка.

– Гадна работа е тоа. Оној кој ги измислил опијатите и ги направил мора да ги мразел луѓето, ги мразел сите луѓе околу себе и самиот себе, рекла Весна и признала дека не се срами и не жали што имала бурен живот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести