8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Ирвинг може да изгуби огромно богатсво

НБА асот Кајри Ирвинг одбива да прими вакцина против вирусот Ковид-19, поради оваа негова одлука може да остане без дополнителни 200 милиони долари.

Градот Њујорк неодамна донесе одлука дека посетата на јавни места е дозволена само со потврда за вакцинација, што значи дека славниот кошаркар на Бруклин Нетс не може да игра натпревари дома.

Тимот пак веднаш објави дека Ирвинг нема да игра натпревари ниту на гостински терен додека не се вакцинира, тој ризикува да ја пропушти целата сезона поради неговиот став, што ќе го чини скапо.

“Ми беше кажано дека Кајри Ирвинг не планира да се вакцинира. Затоа и се заканува да загуби околу 200 милиони долари. Ако не се вакцинира, Ирвинг ќе ја пропушти целата сезона, а единствена надеж му е да почека Њујорк да го укине овој закон. Според моите извори, градските водачи не планираат да го сторат тоа во блиска иднина “, изјави НБА аналитичар за Си-Ен Ен.

Неодамна Ирвинг се огласи по повод неговата одлука, тој потенцираше дека е свесен за последиците.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести