Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) секој четврток ја објавува најновата корона-карта за Европа.
Според оваа карта, земјите членки на ЕУ носат мерки за коронавирусот и ги одредуваат правилата за влез и излез од одредени земји, токму според бојата која таа земја ја има на оваа карта.
Бојата за одредени подрачја се одредува во комбинацијата на потврдени нови случаи на коронавирус во изминатите 14 ден на 100.000 жители и процентот на тестирана популација.
На најновата корона-карта Хрватска и натаму се наоѓа во црвената зона (како и на минатонеделната корона-карта), а Загреб во темноцрвена боја. Словенија исто така се наоѓа во темноцрвена боја.
Грција се наоѓа во црвена и портокалова зона, а еден регион е во темноцрвена боја.
Во останатиот дел од Европа ситуацијата е значително подобра, особено во земјите кои во текот на летото беа во темноцрвена зона.
Сигурна дестинација е Франција која речиси целосно се наоѓа во зелена зона, а ниту еден црвен регион нема во Португалија и Италија. Шпанија исто така е главно во зелена зона, освен еден регион кој е во црвена зона.
Чешка се наоѓа во портокалова зона, додека пак Германија во црвена зона.
Погледнете како изгледа новата корона-карта на Европа: