spot_img
7.8 C
Skopje
петок, октомври 15, 2021
spot_img

Средба на Пендаровски со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Анн Линде

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Кралството Шведска, денеска во Стокхолм оствари средба со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Анн Линде.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека ќе продолжи политиката на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, истакнувајќи дека случајот на Северна Македонија е тест за кредибилноста на процесот. Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека очекува Шведска да вложи натамошни напори за задржување на прашањето на проширувањето на агендата на Унијата, како и да го поддржи ставот дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за интегративниот процес.

Во таа насока, претседателот Пендаровски на министерката Анн Линде и се заблагодари за континуираната и конзистентна поддршка којашто ја добива нашата држава од Шведска во однос на европската интеграција.

Двајцата соговорници, на средбата разговараа за европските перспективи на регионот, како и за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести