spot_img
10.8 C
Skopje
среда, октомври 13, 2021
spot_img

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФИЛИПИНИ ПОВТОРНО ШОКИРА: Ќе влеземе во домовите на тие што се против вакцините и ќе ги вакцинираме додека спијат

Претседателот на Филипини Рордиго Дутерте предложил за луѓето кои не сакаат да примат вакцина против корона вирус требада се вакцинираат додека спијат.

“Знам дека има уште многу кои не сакаат да се вакцинираат и тие претставуваат проблем. Затоа, да влеземе во нивните домови и да ги вакцинираме додека спијат. Крај на приказната“, предложил Дутерте во телевизиско обраќање, порачувајќи дека ќе ја “предводи акцијата“, пренесува Тасс.

Тој истакнал дека покрај имунизацијата важно е да се носат маски и да се држи социјална дистанца, бидејќи со тие мерки може да се спрече ширење на коронавирус во земјата.

На Филипините досега дадени се 50 милиони дози вакцини против корона вирус од различни производители.

Целосно вакцинирани се повеќе 23 милиони луѓе, властите се надеваат дека до крајот на годината ќе се имунизираат до 70 милиони од 111.5 милиони жители.

Дутерте порано барал усвојување на закон кој ќе овозможи затворска казна за оние кои не го почитуваат карантинот.

Исто така рекол дека и учесници на масовни настани треба да одат во затвор.

Дутерте нагласил, за оние кои се свесни дека се позитивни на ковид и ги кршат мерките, заразувајќи други и предизвикуваат смрт ќе биде покренато обвинение за убиство.

Досега на Филипините од корона вирус заразени се 2,67 милиони луѓе, од кои околу 39.600 починале.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести