spot_img
9.8 C
Skopje
понеделник, октомври 11, 2021
spot_img

Протести во Полска против “ПОЛЕГЗИТ”: Не сакаме да ја напуштиме унијата

Десетици илјади Полјаци излегоа на улиците во неделата вечерта за да го бранат членството на својата земја во Европската унија, по одлуката на полскиот Уставен суд во петокот со која го оспорува приматот на европското право.

Оваа одлука, која не ја признава надмоќноста на европските закони над полските, може да биде првиот чекор на излезот на Полска од ЕУ.

Полјаците се мобилизираа против идејата за „Полегзит“ во неделата, по поттик на лидерот на опозицијата и поранешен претседател на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Десетици илјади луѓе во Варшава и во повеќе од сто полски села и градови дојдоа да протестираат против она што владата и го прави на нашата татковина“, рече Туск, обраќајќи се пред големата толпа во главниот град преплавена со европски знамиња.

Претходно истиот ден, тој ги повика своите сограѓани „да ја бранат европска Полска“. „Мораме да ја спасиме Полска, никој нема да го стори тоа за нас“, додаде тој на Твитер.“Тука сум затоа што се плашам дека ќе ја напуштиме ЕУ. Ова е многу важно, особено за мојата внука”, рече Елзбиета Моравска (64), демонстрант во Варшава.

“Велика Британија неодамна ја напушти ЕУ и тоа е трагедија. Ако Полска замине сега, исто така ќе биде трагедија”, изјави Александар Вињарски (20), кој студира во Англија и дојде да протестира во главниот град.

Полска и други земји од Источна и Централна Европа се приклучија на ЕУ во 2004 година, петнаесет години откако синдикалното движење Лех Валенса придонесе за падот на комунистичкиот режим.

Членството во ЕУ е се уште многу популарно ако се верува на анкетите, но врските меѓу Варшава и Брисел нагло се влошија кога популистичката Партија на правото и правдата (ПиС) дојде на власт во 2015 година.

Несогласувањата се однесуваат на судската реформа што полската влада сака да ја спроведе, а ЕУ проценува дека тоа ќе наштети на независноста на судството и ќе доведе до слабеење на демократските слободи.

Во најновиот конфликт во петокот, полскиот Уставен суд ја оспори супериорноста на европските закони во однос на полскиот, пресудувајќи дека голем број членови на европските договори се „некомпатибилни“ со уставот на земјата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести