spot_img
9.8 C
Skopje
понеделник, октомври 11, 2021
spot_img

АНА НИКОЛИЌ ИЗГУБИ КОНТРОЛА НАД СВОЕТО ВОЗИЛО – УНИШТЕНИ ТРИ АВТОМОБИЛИ

Српската пејачка Ана Николиќ (42) изгуби контрола над својот автомобил Мерцедес во два часот наутро во Вождовац, Белград, пишува Курир.рс.

Откако со предната десна страна удрила во паркиран автомобил, таа продолжила да вози. Таа удрила во друго паркирано возило, кое од силината на ударот удрило во голф паркиран до него.

Нема повредени, а полицијата утврдила дека Ана не пиела, односно тестот за алкохол покажа 0,00 мг / мл. Исто така, пејачката неодамна удри возило на паркингот во белградскиот трговски центар.

Сведоците тврдат дека Ана побегнала откако го предизвикала споменатиот судир. Пејачката никогаш не ја криела страста за алкохол, а некое време се шпекулираше дека, по желба на нејзината мајка, ќе замине на рехабилитација.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести