spot_img
12.8 C
Skopje
недела, октомври 10, 2021
spot_img

Претседателот на Чешка, Милош Земан, е сместен на одделот за интензивна нега – дијагнозата засега се држи во тајност

Претседателот на Чешка, Милош Земан, е сместен на одделот за интензивна нега, дијагнозата нема да биде објавена без негова согласност, објави неговиот лекар.

Претходно во неделата беше објавено дека Земан бил примен во Централната воена болница во Прага.

Земан веќе беше хоспитализиран кон средината на септември. Потоа помина осум дена во болница.

Претседателот на Чешка боледува од дијабетична невропатија во стапалата, поради што неодамна почна да користи инвалидска количка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести