spot_img
9.8 C
Skopje
недела, октомври 10, 2021
spot_img

Леонардо: Реал треба да биде казнет, тие немаат почит кон нас

Спортскиот директор на ПСЖ Леонардо јавно порача дека Реал Мадрид би требало да биде казнет затоа што ги крши правилата на ФИФА и УЕФА во желбата да дојде до Килијан Мбапе. Бразилецот е лут на кралскиот клуб што упорно зборува дека Мбапе треба да дојде на „Сантијаго Бернабе“ и дека наскоро ќе ја добие „војната“ со ПСЖ околу неговиот потпис.

Од Мадрид го одрекуваат тоа, но мислам дека Реал долго време работи на тоа да го донесе Килијан Мбапе како слободен играч. Тие две години работат на случајот, дури и јавно зборуваат за тоа. Затоа треба да бидат казнети“, кажа Леонардо.

Според правилниците Реал се до 1 јануари, шест месеци пред истекот на договорот на Мбпае со ПСЖ не би смеел да влегува во било каква приказна со фудбалерот.

Тоа што го прават е недостиг на почит. Овде не зборуваме за било кој играч, туку за еден од најдобрите на светот. Тренерот на Реал, играчите, луѓето од управата – сите зборуваат за Мбапе во последните месеци. Мислам дека тоа е дел од нивниот план. И тоа е непочитување“, додаде Бразилецот.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести