spot_img
12.8 C
Skopje
четврток, октомври 7, 2021
spot_img

Дортмунд му дава на Халанд 15 милиони евра плата за да остане

Борусија Дортмунд сака да го задржи Ерлинг Халанд и за наредната сезона, пренесува новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк. Дортмунд планира да му даде нов договор на норвешкиот голгетер со многу повисока плата, речиси двојно од онаа што ја зема сега.

Ако Халанд остане клубот за наредната сезона ќе му ја зголеми платата од 8 милиони на 15 милиони евра.

Халанд е цел на многу богати клубови меѓу кои Манчестер Сити, Ливерпул, но најзагреан е Реал Мадрид. Сепак, Борусија прави напори тој да остане на „Сигнал Идуна Парк“.

Халанд е роден во Лидс, но има норвешки „корени“. Тој дојде во Борусија во 2020 година од Салцбург за 20 милиони евра. Има договор со „милионерите“ до јуни 2024 година. Во досегашниот дел од сезоната во Бундес лигата постигна 7 гола на 5 натпревари.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести