spot_img
15.8 C
Skopje
среда, октомври 6, 2021
spot_img

РЕКОРДЕРКИ: Наташа Беквалац се разведе три пати, а нејзината сестра, два пати од ист маж..

Пејачката Наташа Беквалац и дизајнерката Кристина Беквалац си даваат најголема поддршка една на друга, но покрај што се сестри ги поврзуваат и разводите.

Во заедничкото интервју со нејзината сестра, Кристина сега ги изненади сите со признанието дека по втор пат се развела од архитектот Иво Мартиновиќ, со кого има две деца.

– Бескрајно сум благодарна што јас и Иво имаме фантастична врска како родители и многу слични ставови за воспитувањето и иднината на нашите деца. Се надевам дека ќе остане така. Сепак, ние не успеавме во бракот и морам да кажам дека не сум поддржувач на таа институција. Мислам дека луѓето би функционирале многу подобро и растоварени доколку нема таков притисок – рече Кристина.

– Зборувам за лично искуство и искуство од брак, не мислам дека тоа генерално е случај со сите луѓе и семејства. Она што ми е најважно во животот е луѓето да живеат слободно, во вистината. Се обидувам да живеам така и морам да признаам дека се чувствувам многу полесно и поубаво во сопствената кожа – рекла сестрата на Наташа.

Кристина Беквалац и архитектот Иво Мартиновиќ имаат две деца, ќерка Петра и син Ноа. Кристина и Иво се венчаа за прв пат во 2008 година, а потоа се роди нивната ќерка.

Меѓутоа, тогаш бракот не преживеал, па и двајцата тргнале по својот пат. Тие ја обновија својата врска во 2013 година, а вториот пат застанаа пред матичарот во септември 2015 година. Во април 2017 година, тие имаа уште едно дете, син, Ноа. Меѓутоа, судејќи според последната изјава на креаторот, бракот не успеа ниту овој пат, но тие најдоа заеднички јазик кога станува збор за воспитувањето на нивните деца.

Нејзината сестра, пејачката Наташа Беквалац позади себе има три брака, но и три разводи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести