3.8 C
Skopje
сабота, јануари 14, 2023

Венко Филипче: 47 отсто од полнолетната популација примила најмалку една доза

o-Најмногу вакцинирани со две дози полнолетни граѓани има во Вевчани, 72 проценти, над 60 проценти во Гевгелија, Демир Капија, Кавадарци и Охрид, над 55 проценти во Росоман, Ресен, Дојран, Дебрца, Богданци, Битола и Берово, а низок опфат, под 30 проценти, во Липково, Македонска Каменица и Ново Село, рече Филипче.

Следејќи ги искуствата на европските земји и САД, Комитетот за имунизација препорача трета доза не само за лица над 60 години и за здравствени работници, туку и за кои било други граѓани доколку се изложени на ризик од КОВИД-19  поради тоа што имаат чести контакти на работа или приватно, без оглед на возраста и дали имаат или немаат хронични болести.

Според Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација, целта на препораката е да се заштитиме од многу инвазивниот делта сој и бидејќи шесте месеци од почетокот на вакцинацијата упатува на тоа дека ефективноста на дел од вакцините се намалува.

-Комбинирањето на антиковид-вакцините, особено давањето трета доза, во случајот кај нас тоа ќе биде „Фајзер“, со други претходно дадени од различен тип, дури и го зголемува, односно го проширува имунолошкиот одговор, рече Грозданова, додавајќи дека во однос на препораката третата доза да биде вакцината на „Фајзер“ го гледале искуството и од неколку студии чии резултати покажале дека ова вакцина обезбедува одлична заштита.

Досега во земјата се направени вкупно 1.301.702 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654 бројката на оздравени пациенти е 174.148, на починати е 6.719, а бројот на активни случаи изнесува 11.787.

Скопје 83902, Активни 5496

Куманово 11506, Активни 995

Тетово 10828, Активни 892

Прилеп 9085, Активни 309

Гостивар 7959, Активни 450

Битола 7113, Активни 254

Велес 6280, Активни 347

Охрид 5983, Активни 486

Кавадарци 5960, Активни 230

Штип 5764, Активни 225

Струмица 5749, Активни 267

Кичево 3984, Активни 395

Струга 3795, Активни 312

Кочани 3292, Активни 159

Гевгелија 2423, Активни 86

Неготино 2319, Активни 36

Свети Николе 1911, Активни 111

Ресен 1537, Активни 80

Радовиш 1526, Активни 87

Дебар 1449, Активни 106

Крива Паланка 1441, Активни 89

Берово 1209, Активни 17

Делчево 1124, Активни 68

Виница 1037, Активни 50

Пробиштип 918, Активни 32

Валандово 819, Активни 20

Кратово 578, Активни 59

Богданци 552, Активни 18

Крушево 529, Активни 22

Македонски Брод 472, Активни 29

Демир Хисар 445, Активни 30

Демир Капија 411, Активни 5

Пехчево 313, Активни 3

Македонска Каменица 301, Активни 21

Дојран 140, Активни 1

Во вчерашниот здравствен билтен беа регистрирани нови 185 случаи од 1876 тестирања во 24 часа. Евидентирани беа 523 оздравени пациенти, 12 починати и дополнително тројца во периодот 29 септември – 3 октомври 2021.

Целосно вакцинирани се 734 000 граѓани. Од петокот е затворен пунктот во салата „Борис Трајковски“ и сега за вакцинација функционираат седум поликлиники во рамки на Здравствениот дом Скопје, во две смени. Филипче на прес-конференција информираше дека вакцини има доволно –  на располагање се околу 260 илјади дози „Фајзер“, 45 000 дози „Синовак“, 100 илјади дози „Астра Зенека“.

Министерот за здравство соопшти дека 47 отсто од полнолетната популација примила најмалку една доза, а од вкупното население 38,2 проценти. Посочи дека има голема разлика од општина до општина.

-Најмногу вакцинирани со две дози полнолетни граѓани има во Вевчани, 72 проценти, над 60 проценти во Гевгелија, Демир Капија, Кавадарци и Охрид, над 55 проценти во Росоман, Ресен, Дојран, Дебрца, Богданци, Битола и Берово, а низок опфат, под 30 проценти, во Липково, Македонска Каменица и Ново Село, рече Филипче.

Следејќи ги искуствата на европските земји и САД, Комитетот за имунизација препорача трета доза не само за лица над 60 години и за здравствени работници, туку и за кои било други граѓани доколку се изложени на ризик од КОВИД-19  поради тоа што имаат чести контакти на работа или приватно, без оглед на возраста и дали имаат или немаат хронични болести.

Според Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација, целта на препораката е да се заштитиме од многу инвазивниот делта сој и бидејќи шесте месеци од почетокот на вакцинацијата упатува на тоа дека ефективноста на дел од вакцините се намалува.

-Комбинирањето на антиковид-вакцините, особено давањето трета доза, во случајот кај нас тоа ќе биде „Фајзер“, со други претходно дадени од различен тип, дури и го зголемува, односно го проширува имунолошкиот одговор, рече Грозданова, додавајќи дека во однос на препораката третата доза да биде вакцината на „Фајзер“ го гледале искуството и од неколку студии чии резултати покажале дека ова вакцина обезбедува одлична заштита.

Досега во земјата се направени вкупно 1.301.702 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654 бројката на оздравени пациенти е 174.148, на починати е 6.719, а бројот на активни случаи изнесува 11.787.

Скопје 83902, Активни 5496

Куманово 11506, Активни 995

Тетово 10828, Активни 892

Прилеп 9085, Активни 309

Гостивар 7959, Активни 450

Битола 7113, Активни 254

Велес 6280, Активни 347

Охрид 5983, Активни 486

Кавадарци 5960, Активни 230

Штип 5764, Активни 225

Струмица 5749, Активни 267

Кичево 3984, Активни 395

Струга 3795, Активни 312

Кочани 3292, Активни 159

Гевгелија 2423, Активни 86

Неготино 2319, Активни 36

Свети Николе 1911, Активни 111

Ресен 1537, Активни 80

Радовиш 1526, Активни 87

Дебар 1449, Активни 106

Крива Паланка 1441, Активни 89

Берово 1209, Активни 17

Делчево 1124, Активни 68

Виница 1037, Активни 50

Пробиштип 918, Активни 32

Валандово 819, Активни 20

Кратово 578, Активни 59

Богданци 552, Активни 18

Крушево 529, Активни 22

Македонски Брод 472, Активни 29

Демир Хисар 445, Активни 30

Демир Капија 411, Активни 5

Пехчево 313, Активни 3

Македонска Каменица 301, Активни 21

Дојран 140, Активни 1

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img