3.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Бензема го потврди големиот трансфер за следната сезона

Карим Бензема за Л’Екип потврди дека Килијан Мбапе ќе направи трансфер во редовите на Реал Мадрид.

Францускиот фудбалер ова лето беше близу, но ПСЖ сакаше да го задржи по секоја цена, па следното лето тој ќе може да си замине како слободен играч.

„Килијан Мбапе ќе заигра за Реал Мадрид. Не знам кога, но знам дека ќе дојде. И тој самиот го кажа тоа“, откри Бензема.

Шансите да дојде во Реал Мадрид се многу мали, ПСЖ сака да ја нападне титулата во Лигата на шампиони, и секако да се обиде да го предомисли, што пак во овој момент се чини невозможно.

Најреално сценарио е дека Мбапе на 1. јули како слободен играч ќе дојде во Реал Мадрид.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести