3.8 C
Skopje
петок, декември 8, 2023

Ле Пен: Ако станам претседател ќе распишам референдум за драстични ограничувања за имиграцијата

Лидерката на екстремно десничарската партија Национално собрание во Франција, Марин Ле Пен, рече дека ќе распише референдум доколку победи на претседателските избори во 2022 година.

На референдум, таа ќе предложи усвојување драстични ограничувања за имиграцијата.

Ле Пен за телевизијата Франс 2 рече дека на референдумот ќе бидат предложени строги критериуми за влез на француска територија и стекнување француско државјанство, како и да им се даде приоритетен пристап на француските граѓани до социјални станови, работни места и социјални придобивки, пренесе Ројтерс.

„Референдумот ќе вклучува целосен нацрт -закон чија цел е драстично регулирање на имиграцијата“, рече Ле Пен, која ќе биде кандидат за Национално собрание на нејзината партија на претседателските избори во април.

Референдумите се дозволени со францускиот Устав, но тие ретко се користат. Последниот голем референдум се одржа во 2005 година, кога Французите гласаа против ратификацијата на европскиот устав. Ле Пен се кандидираше во 2017 година, но беше поразена од Емануел Макрон, кој освои повеќе од 66% од гласовите.

Макрон се уште не одлучил дали ќе се кандидира за реизбор, но анкетите на јавното мислење покажуваат дека тој и Ле Пен најверојатно би влегле во вториот круг, од кој Макрон би излегол како победник.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img