spot_img
12.8 C
Skopje
понеделник, септември 27, 2021
spot_img

Репеша поради проблеми со срцето даде отказ во новиот тим

Јасмин Репеша поради здравствени причини повеќе нема да го води италијанскиот кошаркарска Фортитудо од Болоња.

Тој поднесе оставка по поразот на Реџо Емилио (80:81), откако во соблекувалната почувствувал забрзана срцева фреквенција или тахикардија.

Им се извини на сите за исклучувањето кое го доби на мечот и ја изнесе својата одлука.

“Се извинувам на играчите на клубот за исклучувањето. Јас работев како куче за да го донесам клубот на вистинскиот пат, но по овој натпревар не бев добар, имав тахикардија. Поднесов оставка. Фортитудо е моја прва и најголема љубов и мојот живот, но не можам да продолжам”, изјави Репеша.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести