spot_img
20.8 C
Skopje
недела, септември 26, 2021
spot_img

СДСМ: Свесни за дебаклот што им следува од ВМРО-ДПМНЕ конструираат случаи за да го ублажат поразот во Град Скопје

Соопштение за јавност од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ не престанува да конструира случаи за градоначалникот Петре Шилегов со што само го потврдува стравот од извесниот пораз на претстојните локални избори.

Може ВМРО-ДПМНЕ да пласира нецелосни и фабрикувани документи, да се обидува да врши притисок врз обвинителството но ниту тоа нема да ги спаси од седмиот изборен пораз по ред.

Граѓаните гледаат дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е понуда на кадри на Груевски и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела, дека тоа е понуда осудена на пораз, па затоа секојдневно шират лажни вести во обид да го ублажат поразот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести