spot_img
11.8 C
Skopje
недела, септември 26, 2021
spot_img

Реал Мадрид првпат оваа сезона не постигна гол

Реал Мадрид го запиша второто реми во новата сезона во Ла Лига. „Кралскиот“ тим не успеа да дојде до целиот плен против Виљареал и да го искористи киксот на Атлетико Мадрид. Ова е прв меч на кој домаќинот не успеа да постигне гол, но сепак остана непоразен.

На крајот избраниците на Анчелоти мораа да бидат задоволни со бод, односно 0-0 на домашен терен. Ова беше дуел без премногу сериозни шанси на двете страни. Реал Мадрид имаше само еден удар во рамките на голот, додека гостите два.

Во судиското продолжение, фудбалерите на Реал се обидоа да направат притисок, но противникот добро се бранеше.

„Кралевите“ остануваа лидери на табелата со 17 бода, три повеќе од Севиља (има еден меч помалку) и Атлетико Мадрид.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести